Медицина на трудот и Спортска медицина

Спортската медицина како медицинска дисциплина ги проучува и анализира физиолошките и патолошките променик кои настануваат во организмот за време на неговата спортска активност. Оваа активност се карактеризира со дозирање на оптоварувањата со голем интензитет и време траење. Доколку интензитетот на оптоварувањата се поголеми од можностите на оранизмот, се смета дека спортистот не е подготвен за вакви оптоварувања и постои можност да дојде до заболување, повреди па дури и латални завршетоци. Карактерот на повредите или појавата на заболувањата ќе зависи од функционалните можности на организмот, од карактрот на спортската игра и од други околности.
За да не дојде до повреди или заболувања мора да се познава карактерот на индивидуално дозираните спортски оптоварувања и притоа да се проучат повеќе области од спортската медицина со што ќе добиеме сознанија како влијае оптоварувањето врз органите и органските системи во организмот.
Задачи на спортска медицина
Спортската медицина во својата дејност обединува два основни елементи: Превентвниот и Курантивниот.
Превентивниот има извонредна профилактичка улога а кутантивниот го пронаоѓа најсовремените тераписки процедури, лекарства, интервенции со цел побрзо оздравување, рехабилитација и што побрзо враќање на спортските терени. За поточно да ја сватиме спортската медицина ќе ги наброиме и посебно нејзините задачи:

  1. Систематски лекарски преглед на спортистите,
  2. Надзор на спортистите во текот на тренингот,
  3. Организација и спроведување на првата медицинска помош во текот на нтпреварот,
  4. Лечење и спречување на повредите во спортот,
  5. Следење и анализа на здравствените и функционалните способности на младите спортисти и
  6. Воспитно-едукативна работа.

Поради важноста на спортот во општеството и поради осетливоста на самата спортска дејност и заради заштита на спортистите како од здравствени така и други причини е донесен и Закон за спортот чија најнова верзија е објавена на 7 Мај 2002 година  чија што глава VI гласи: „Здравствена заштита и антидопинг контол“ каде во членовите 51 – 56 се точно регулирани начинот на лечење и правата за медицински третман на спортистите.
Посебните права од овој Закон се напишани во правилникот за здравствена контрола и учесниците во спортските активности и обемот и начинот на организирање на Итна медицинска помош кој произлегува од горе наведениот Закон.
Амбулантата за Спортска медицина во склоп на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп работи веќе 15 години и за тоа време успеавме да ја опремиме со сите современи апарати кои треба да ги содржи една амбуланта по Спортска медицина а тоа се: Антропометрија, Ергометрија со ЕКГ, Спитометрија и потребни лабораториски испитувања.
Потребно е да нагласиме дека во амбулантата за Спортска медицина се даваат совети на спортистите за исхрана и субституционална терапија, а се лекуваат како повреди настанати во текот на спортувањето а и заболувања кои ги имаат спортистите од различна патологија.
Во прилогот е прикажана и шемата кој им се дава на тренетите со цел и тие да ги имаат основните физиолошки, антропометриски, ергонометриски и лабораториски параметри со цел да ги знаат карактеристиките на нивните спортисти за да можат да остваруват подобри резултати, стабилна форма и добро здравје.

 

 

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved