Одделение за преветивна здравствена заштита

на предучилишни деца од 0 - 6 години

Одделението за превентивна здравствена заштита на предучилишни деца  работи во склоп на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп и во него спаѓаат:

  1. Службата за имунизација, систематски прегледи и совет,
  2. Поливалентна патронажа и
  3. Логопедска амбуланта.

Службата за имунизација, систематски преглед и совет брои 4 доктори, 9 медицински сестри, 2 хигиеничари и 2 курири. Се работи во 1 смена и ги опфаќа сите деца од раѓање до навршени 5 години во Општина Прилеп и теренот во општините Долнени, Кривогаштани и Тополчани. Работата на терен се одвива во амбулантите во селата а ја обавува тим од 1 доктор, 2 медицински сестри.во селата се оди 1-2 пати во месецот спрема потребите а во согласност со календарот за имунизација. Секоја година имаме околу 1.100 раѓања, а годишно во Општина Прилеп се вакцинираат околу 10.000 деца, а на погоре споменатиот терен околу 2.500 деца.
Систематскиот преглед се врши на 1 месец на 3 месеци на 4.5 месеци, 6 месеци, 18 месеци, 3 години и на 5 години а советот работи во склоп на прегледите  за вакцинирање.
Поливанетната патронажна служба брои 12 медицински сестри во градот и 5 медицински сестри на терен во селата Воѓани, Лажани, Десово, Дебреште, Кривогаштани, Долнени и тие секој дневно ја обавуваат својата работа посетувајќи го населението, бремените жени и новороденчината во нивните домови. Годишно остваруваат околу 36.000 посети и притоа даваат совети за сите три категории во градот и селата.
Логопедската амбуланта брои 4 логопеди и секој 4 медицински сестри, кои работат во 2 смени, а секој од логопедите по еднаш во неделата посетува и по една детска градинка. Таму се работи групно со деца кои имаат проблеми со говорот, а во амбулантата од ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп годишно се третираат околу 530 деца.

 

 

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved