Итна Медоцинска Помош

Службата за итна медицинска помош (Брза помош) - Прилеп своите почетоци ги има во педесеттите години од минатиот век. Првично Службата беше сместена во приземјето на Здравствен дом - Прилеп, а од 1985 година се наоѓа во објектот на старата павиљонска болница во Прилеп. Овој објект датира од 1920 година.
Службата има за цел деноноќно згрижување на итните пациенти на повик на терен, но и во амбулантите на службата. Исто така екипите на ИМП - Прилеп вршат медицинско обезбедување на спортски натпревари, културни манифестации и сите други јавни собири.
Службата за ИМП - Прилеп во својата дејност ги покрива териториите на општините: Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Македонски Брод, како и територијата на областа Мариово, или вкупно околу 120 000 жители.
Во рамките на Службата за Итна медицинска помош - Прилеп работат 13 екипи доктор - сестра. Работиме 24 часа дневно, седум дена во неделата.

 

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved