Домашно Лекување

Одделението за домашно лекување е формирано уште пред 50 години. Од неговото формирање па се до денес обемот на работата е проширен и модернизиран. Одделението е составено од 8 членови кои формираат 4 екипи, една екипа брои 1 доктор, 1 медицинска сестра.
Наши пациенти се болните кои се со продолжено болничко лекување, кои се со потешка состојба на нивната болест. Овие екипи вршат секојдневна посета на пациентите со предходно закажана терапија, преглед и ординирање на терапија кај стара и непокретни лица и поставување на инфузиона терапија.

            Со сето ова му овозможуваме на пациентите да поминат што повеќе време заедно со нивните членови на фамилиите.

 

 

© Copyright 2008-09 ЈЗУ Здравствен дом - Прилеп. All Rights Reserved